ЛЕТУВАЈТЕ НА НАШИТЕ ПЛАНИНИ, ЕЗЕРА, ВО НАШИТЕ СЕЛА Мицкоски им понуди алтернатива на граѓаните за гужвите на границите по воведување на европскиот системот ЕЕС
Мицкоски рече дека не сака да коментира премногу за тоа запрашан дали земјава ќе побара од ЕУ да ја одложи примената на системот ова лето.
Ги повикувам граѓаните да ги поминат своите летни годишни одмори на македонските планини и езера, на македонските села, затоа што имаме прекрасна места во Македонија, го прокоментира премиерот Христијан Мицкоски, чекањето на границите откако ЕУ го воведе системот за влез и излез од шенген зоната.
Мицкоски рече дека не сака да коментира премногу за тоа запрашан дали земјава ќе побара од ЕУ да ја одложи примената на системот ова лето.
– Не би коментирал апсолутно премногу за тоа, за тој начин на однесување. Имаме одредени разговори во рамките на Европската Унија како се тоа да се надмине, но ако претставуваат проблем летните годишни одмори, имаме прекрасни езера, имаме прекрасни планини, имаме прекрасни места во Македонија. Јас ги повикувам македонските граѓани да ги поминат своите летни годишни одмори на македонските планини и езера, на македонските села, затоа што имаме прекрасна земја и самите треба да си ја чуваме затоа што втора резервна немаме – рече Мицкоски.
Тој денеска присуствуваше на панихидата за 123 години од смртта од Гоце Делчев во цркавата Свети Спас.