ЛАТВИЕЦ ПРЕВЕЗУВАЛ 10 МИГРАНТИ ОД ЕГИПЕТ Полицијата го запрела „фиатот“ кај Богородица

Полицијата кај Богородица пронашла 10 мигранти од Египет во патничко возило управувано од 59-годишен државјанин на Латвија. Мигрантите се сместени во „Винојуг“, а против возачот ќе биде поднесена пријава.

20

Полицијата лишила од слобода 59-годишен државјанин на Латвија, откако во неговото возило биле пронајдени 10 мигранти од Египет.

Случајот се случил синоќа околу 22 часот во селото Богородица, гевгелиско, кога полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица извршиле контрола на патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки.






Со возилото управувал Р.С. (59) од Латвија. При контролата, полицајците ги пронашле 10-те мигранти од Египет.

Мигрантите биле пренесени и сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Латвиецот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини