Во 2025 година, деловните субјекти изградиле 3.733 станови, чија просечна корисна површина е 75.2 м2, од кои 3.677 се во индивидуална сопственост, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најмногу се градело во Скопскиот регион.
Изградени се вкупно 1.852 објекти со вкупна станбена површина од 280.644 м2, а вредноста на извршените градежни работи изнесува 44,5 милијарди денари.
Индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16,2 милијарди денари и завршиле 2.518 станови со вкупна површина од 320.404 м2, од кои 92 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 11.114 м2.