КУЛТНИОТ БАР НА СКОПЈАНИ ПОД КЛУЧ „Интермецо“ синоќа бил преполн со гости
Синоќа во ова кафуле имало журка со познатиот ди-џеј Роџер Санчез.
Скопскиот бар „Интермецо“, синоќа беше затворен од Државниот пазарен инспекторат, поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19, објави Сакам да кажам.
Синоќа имало журка со познатиот ди-џеј Роџер Санчез. Во координирана акција на Општина Центар, МВР и ДПИ, било утврдено дека имало повеќе луѓе од потребното, односно согласно препораките, па барот е затворен.
Според предвидените казни, локалот може да биде затворен од 10 до 30 дена, а казнаа за одговорното лице 1.500 евра