КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЧЛЕН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕМИЕРОТ Физички ја нападнал својата сопруга
Против него ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе биде изречена мерка за отстранување од работното место.
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена.
Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место. Полицискиот службеник Р.Р е вработен како обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски.
УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА НЕМА ЗАШТИТЕНИ ЛИЦА Мицкоски за апсењето на член на неговото обезбедување