КРИС ПАВЛОВСКИ ДОНИРАШЕ МИЛИОН ДЕНАРИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Искрено сочувство од газдата на „Рамбл“

Срцето ми чука за сите семејства и пријатели на починатите во Македонија. 59 луѓе загинаа и повеќе од 100 се повредени во пожар, повеќето деца на возраст од 14 до 20 години. Лично донирав милион денари во Црвениот крст на Македонија за поддршка на семејствата и настраданите, напиша Павловски на социјалните мрежи.

2,828

Kрис Павловски, основач и извршен директор на „Рамбл“ и член на Управниот одбор на Македонија2025, Канаѓанец со македонско потекло, на социјалните мрежи објави дека донирал еден милион денари за настраданите во трагедијата во Кочани.

„Срцето ми чука за сите семејства и пријатели на починатите во Македонија. 59 луѓе загинаа и повеќе од 100 се повредени во пожар, повеќето деца на возраст од 14 до 20 години. Лично донирав милион денари во Црвениот крст на Македонија за поддршка на семејствата и настраданите“, напиша Павловски на социјалните мрежи.






Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.

Поврзани содржини