КОЈ ПИЕ, А КОЈ ПЛАЌА НА МОМИНСКИТЕ И ЕРГЕНСКИТЕ ЗАБАВИ? Прашање кое предизвика дебата на Редит

Дебатата која се разви на Редит се однесуваше на прашањето кој плаќа за моминските забави денес, а ние би го прошириле прашањето и на ергенските забави. Дали плаќа кумата/кумот, невестата/младоженецот или трошоците се делат помеѓу сите присутни, што мислите вие?

1

Кој плаќа за моминската забава денес? Токму ова прашање предизвика огромна дебата меѓу жените на онлајн форумот Редит (Reddit), а темата очигледно влијаеше на многу идни невести и деверуши кои сѐ повеќе се соочуваат со растечките трошоци и очекувања за организирање свадба.

Една корисничка одлучи отворено да ги праша другите што мислат за ситуацијата и кој, според нив, треба да ги покрие трошоците за моминската забава.






– Ме интересира што мислите, кој плаќа за моминска забава денес? Невестата, кумата или ги делат вкупните трошоци за местото, храната и пијалаците и сите ги покриваат трошоците заедно? За мене е незамисливо кумата да плаќа за сè, а како кума, исто така ми е тешко да кажам колку пари треба да даде секоја девојка за да ги покрие трошоците. Да имав моминска забава, сама би платила за сè, инаку нема да ја имам – напиша таа.

Дискусијата ги подели корисниците, но повеќето од нив се согласија за едно нешто, а тоа е дека е нереално да се очекува кумата сама да ја финансира целата вечер.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини