ЗАБОРАВЕТЕ НА ИЗБЛЕДЕНИТЕ БОИ И НЕПРИЈАТНИТЕ МИРИСИ Во dm пристигнаа два нови детергенти за само 235 денари!

1

Чиста облека, зачувани бои и пријатен мирис и сето тоа по цена што го привлекува вниманието! Во продавниците на dm drogerie markt пристигнаа два нови течни детергенти од dm марката Denkmit – Gentle Touch и Cosy Embrace, кои нудат практични решенија за секојдневно перење. Со цена од само 235 денари за пакување наменето за 22 перења, двата новитета се одличен избор за сите што бараат ефикасност и поволност во едно.

За оние што сакаат едно практично решение за различни видови текстил, Denkmit Gentle Touch течниот детергент, за 22 перења, е погоден и за бела и за обоена облека. Неговата формула обезбедува темелно чистење длабоко во влакната, а притоа нежно се однесува кон ткаенините. Благодарение на ефикасното дејство и при пониски температури, овој детергент овозможува облеката да биде чиста и негувана без потреба од високи температури при секое перење. Резултатот е свежа облека со зачувано чувство на нега.






Ако, пак, сакате вашата обоена облека подолго да го задржи својот изглед, вниманието ќе ви го привлече Denkmit Cosy Embrace течниот детергент за обоена облека, за 22 перења. Неговата специјална формула помага во заштитата на боите од избледување, придонесувајќи за подолго зачувување на нивната живост. Покрај темелното чистење, се издвојува и по топлата, пријатна мирисна композиција што ѝ дава на облеката дополнителна свежина. Детергентот брзо се раствора и е погоден за перење на ниски температури, што го прави практичен избор за редовна нега на обоените ткаенини.

Иако двата новитета имаат различни предности, ги поврзува една важна карактеристика – поволната цена од 235 денари за 22 перења, односно приближно 10,70 денари по перење. Gentle Touch е наменет за нежна нега на бела и обоена облека, додека Cosy Embrace е избор за оние што сакаат да ги зачуваат боите и да уживаат во топол, пријатен мирис.

Со овие новитети, dm марката Denkmit ја збогатува својата понуда на производи за одржување на домаќинството, нудејќи практични решенија за секојдневните обврски.

Посетете ги продавниците на dm и откријте ги Denkmit Gentle Touch и Cosy Embrace – два нови детергенти за само 235 денари по пакување, создадени за чиста, свежа и негувана облека!

Поврзани содржини