КАКО ПЕЧЕНИТЕ ЦРВЕНИ ПИПЕРКИ НЀ ШТИТАТ ОД РАЗНИ ШТЕТНИ СОЕДИНЕНИЈА? Вкусен и здрав зеленчук со малку калории и многу здравствени придобивки
Црвените пиперки содржат бета-криптоксантин, соединение кое телото го претвора во витамин А. Истражувањата покажуваат дека храната богата со бета-криптоксантин може да помогне во намалување на ризикот од рак на мочниот меур, рак на белите дробови и рак на дебелото црево.
Пиперките се богати со витамин Ц, особено црвените пиперки. Црвената пиперка е најслатка бидејќи најдолго се задржува на лозата, а печените црвени пиперки, покрај нивниот сладок вкус и кадифена текстура, се нискокалорична храна или додаток на оброк полн со хранливи придобивки.
Црвените пиперки се богати со хранливи материи – витамини и минерали, а околу 100 грама печени црвени пиперки содржат само 25 калории по порција, не содржат нездрави масти или холестерол и имаат по 1 грам диетални влакна и протеини.
За што сѐ се добри црвените пиперки, вклучувајќи ги и печените црвени пиперки, прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.