КАДЕ ШТО ЗАЕВ ЗАСТАНА, ФИЛИПЧЕ САКА ДА ПРОДОЛЖИ Манасиевски оценува дека лидерот на СДСМ би ги исполнил бугарските барања на штета на Македонија
Венко Филипче чекори по стапките на Зоран Заев, подготвен е да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија. Тој повторно докажа дека е спремен да ја продолжи политиката на Заев, а тоа е политика на попуштање пред Бугарија и прифаќање на барања кои директно задираат во македонските национални и државни интереси, изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
– Новиот премиер на Бугарија, Румен Радев, не е непознат фактор во бугарската политика. Неговите ставови кон Македонија, македонскиот јазик, македонскиот народ, идентитет и историја се добро познати. Тој и досега јасно покажал дека Бугарија нема намера да отстапи од своите позиции, ниту пак да се повлече од условувањата кон Македонија. Напротив, очигледно е дека официјална Софија ќе продолжи со притисоци и блокади секогаш кога тоа ќе ѝ одговара. Во вакви околности, кога е потребна јасна осуда и цврст став во одбраната на македонските интереси, Венко Филипче избра спротивен пат. Филипче и СДС го избраа антидржавниот, бугарски пат. Наместо да застанат на страната на Македонија, тие испраќат јасна порака дека доколку дојдат на власт, би ги спровеле уставните измени и би прифатиле политики кои се во согласност со барањата на Бугарија – рече Манасиевски.
Според него, Филипче и СДСМ немаат проблем со овие предавства, заради лични и финансиски интереси.
„Тоа што Зоран Заев го започна, Венко Филипче очигледно е подготвен да го доврши“, заклучи Манасиевски.