И МАЖИТЕ СИ ИМААТ МАШКА МЕНОПАУЗА Симптоми на андропауза што треба да ги знаете

Покрај вообичаените симптоми на андропаузата, кај некои мажи може да се појават и ретки симптоми како што се отекување или осетливост на градите, намалена големина на тестисите, губење на влакната на телото, па дури и топли бранови.

122

Андропаузата, позната и како машка менопауза, означува пад на нивото на тестостерон кај мажи над 50 години и обично е поврзана со хипогонадизам.

Овие две состојби имаат слични симптоми, вклучувајќи намалување на нивото на тестостерон, а обете често се поврзани со недостаток на овој хормон, познат и како андропауза кај мажите или хипогонадизам со доцен почеток.






Тестостеронот е хормон кој се произведува во тестисите и игра клучна улога во многу телесни функции. Покрај стимулирањето на сексуалната активност, тој е одговорен за физичките промени за време на пубертетот, одржувањето на енергијата, рамнотежа во борбените реакции на телото и зачувувањето на мускулната маса. Покрај тоа, ги намалува менталните промени што се јавуваат со возраста.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини