ХОЛЕСТЕРОЛОТ НЕ ДОАЃА ОД ЈАЈЦА И СЛАНИНА Доктор открива што навистина го уништува црниот дроб и кој е вистински виновник за хаосот

Црниот дроб го пренесува вишокот шеќер во масното ткиво. Холинот, кој се наоѓа во сланината, јајцата и месото, го распоредува холестеролот и не му дозволува да остане во црниот дроб. А кога нема доволно здрави масти, кои сме ги исфрлиле поради страв од холестерол, тогаш добиваме замастен црн дроб, објаснува нутриционистот д-р Предраг Ненадиќ

1

Штом крвниот тест покаже покачено ниво на холестерол, повеќето луѓе инстинктивно го намалуваат внесот на масна храна. Но, експертите предупредуваат дека ова можеби не е вистинското решение – всушност, може да биде контрапродуктивно.

Нутриционистот д-р Предраг Ненадиќ објаснува дека замастениот црн дроб не настанува поради мастите од исхраната, туку поради погрешните прехранбени навики што многумина ги сметаат за здрави.

– Црниот дроб го пренесува вишокот шеќер во масното ткиво. Холинот, кој се наоѓа во сланината, јајцата и месото, го распоредува холестеролот и не му дозволува да остане во црниот дроб. А кога нема доволно здрави масти, кои сме ги исфрлиле поради страв од холестерол, тогаш добиваме замастен црн дроб – објаснува докторот.

Што е холин?

Холинот има важни функции во нашето тело, вклучувајќи го транспортот и метаболизмот на мастите. Тој е основа за правилно функционирање на мозокот, црниот дроб и мускулите, а исто така влијае и на нивото на холестерол во крвта и нервниот систем.

Се наоѓа во многу намирници, особено во оние од животинско потекло, а во случај на поизразен недостаток, може да се зема и во форма на додаток.

Корисен е за правилно функционирање на нервниот систем (се препорачува за депресија, Алцхајмерова болест, губење на меморијата, шизофренија, биполарно растројство и разни форми на деменција).

Нашето тело континуирано произведува холин, но тоа не е доволно, па затоа мора да се консумира и преку исхраната.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини