ТАЈНАТА СОСТОЈКА НА ВРВНИТЕ ГОТВАЧИ Еве како да го добиете најкрцкавото пoхувано пилешко досега

Додека класичниот метод со брашно, јајца и презла се пренесува од генерација на генерација, модерните ресторани кријат едноставен трик што ја носи текстурата на ова омилено јадење на сосема ново ниво

0

Сите го сакаме похуваното пилешко, но колку пати досега наместо крцкава кора, сте ја добиле онаа по малку тешка и леплива кора?

Додека класичниот метод со брашно, јајца и презла се пренесува од генерација на генерација, модерните ресторани кријат едноставен трик што ја носи текстурата на ова омилено јадење на сосема ново ниво.






Тајната не е во комплицирани техники или егзотични зачини, туку во неочекуваната состојка што повеќето од нас ја имаат во нашите кујнски плакари – пченкарен скроб (попознат како густин).

Пченкарниот скроб сосема ја менува играта во подготовката на смесата . За разлика од обичното пченично брашно, кое содржи глутен, пченкарниот скроб создава многу поцврста и покрцкава обвивка кога ќе дојде во контакт со врело масло. Дополнителен бонус? Таа совршена златна кора нема да впие толку многу маснотии и ќе остане неверојатно крцкава дури и кога месото ќе се олади.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини