ЛЕСНИ, НИСКОКАЛОРИЧНИ И БОГАТИ СО ВЛАКНА Мали, необични и прекрасни модри патлиџани какви што ретко гледаме

Овие мали патлиџани се особено убави за готвење цели. Младите плодови имаат нежна лушпа и ситни семки, па најчесто нема потреба да се лупат. Доволно е добро да се измијат и да се подготват со малку масло, лук и зачини.

0

Не се сите модри патлиџани големи, издолжени и темновиолетови. Постојат и вакви мали убавици – бели, жолтеникави, виолетови, шарени – со различна големина, форма и вкус.

Овие мали патлиџани се особено убави за готвење цели. Младите плодови имаат нежна лушпа и ситни семки, па најчесто нема потреба да се лупат. Доволно е добро да се измијат и да се подготват со малку масло, лук и зачини.






Кај нас модриот патлиџан најчесто го поврзуваме со класичните виолетови плодови, но палетата на сорти е многу поширока. Белите и жолтеникавите патлиџани се само дел од богатството што може да се најде во домашните градини, особено кога се одгледуваат различни сорти и се чуваат семиња од година во година.

А кога се мали, не само што изгледаат убаво на трпезата, туку се и практични – можат да се испечат цели или да се подготват на рингла. Нивната големина ги прави одлични и за сервирање како прилог или како мало сезонско јадење.

Затоа, ако на пазар или во домашна градина наидете на вакви необични модри патлиџани, не ги прескокнувајте само затоа што не изгледаат како оние што најчесто ги купуваме.

Повеќе за нутритивниот состав и рецепт за приготвување на овие мали бели модри доматчиња, побарајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини