ХОЛИВУД ГО ОТФРЛИ, А СЕГА СЕ ПРОШЕТА ПО ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ ВО КАН Џејмс Франко се врати на фестивалската сцена по обвинувањата за несоодветно сексуално однесување
Голем број познати лица прошетаа по црвениот тепих на отворањето на 79-от Кански филмски фестивал, но особено внимание кај фотографите и публиката предизвика актерот Џејмс Франко. Неговото доаѓање веднаш стана една од најзборуваните теми на вечерта
Оваа година, фестивалот се отвори во знакот на големи филмски имиња и почит кон режисерот Питер Џексон, кој беше награден со почесната Златна палма за неговото животно дело. Сепак, гламурот на црвениот тепих повторно украде дел од вниманието, а меѓу гостите, особено се издвои Џејмс Франко, чие враќање на големата фестивалска сцена предизвика голем интерес кај медиумите и фотографите.
Појавувањето на Џејмс Франко во Кан веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи и меѓу филмските фанови. Актерот ретко присуствуваше на големи холивудски настани во последните години, по обвинувањата за несоодветно сексуално однесување.
Да потсетиме дека две поранешни студентки по глума поднесоа заедничка тужба против Џејмс Франко во 2019 година за наводно сексуално вознемирување, искористување и принуда, а следеше по слични обвинувања изнесени во медиумите во 2018 година од една од студентките кои го тужеа, три други студентки и уште една жена. Актерот ги негираше обвинувањата, а судските записи покажуваат дека се согласил да плати спогодба од 2,2 милиони долари.
Тој се појави на црвениот тепих во Кан со својата долгогодишна девојка, 30-годишната актерка и режисерка Изабел Пакзад.
Според „Варајати“, актерот бил опкружен со обожаватели во лобито на хотелот „Palais“ за време на паузата помеѓу гала церемонијата и прикажувањето на филмот за отворање.
Франко трпеливо позира за селфиња, а потоа се повлекол на надворешната тераса за пушење, каде што неговиот колега Диего Луна му се приближил и го поздравил со пријателско: „Како си, човече?“
Франко, криејќи го погледот зад очилата за сонце, само кимнал со главата.
Голем број познати актери, режисери и продуценти пристигнаа на Азурниот брег, а во наредните денови Кан повторно ќе стане центар на светската филмска индустрија.