ХОЈЛУНД САКАШЕ ДА ГО ИСМЕЕ РОНАЛДО СО НАЧИНОТ НА ПРОСЛАВА НА ГОЛОТ? Еве како реагираше Португалецот

Многумина постапката на данскиот напаѓач ја протолкуваа како исмејување на легендарниот Португалец, но тој самиот не мисли така.

318

Кристијано Роналдо ја коментираше ситуацијата со Расмус Хојлунд на натпреварот од Лигата на нации меѓу Португалија и Данска, кој „црвениот динамит“ го доби со 1:0.

Победничкиот гол на натпреварот го постигна Хојлунд, кој го прослави со потегот наречен „сиу“, препознатлив само за Роналдо.






Многумина постапката на данскиот напаѓач ја протолкуваа како исмејување на легендарниот Португалец, но тој самиот не мисли така.

-Тоа не е проблем за мене. Знам дека не е непочитување кон мене. Тој не е единствениот во светот кој го копира моето прославување на гол. Доволно сум паметен за да го знам тоа. Тоа е чест за мене. Се надевам дека ќе го направам тоа пред него во недела. Мило ми е што му се допаѓа мојата прослава на голот, изјави Роналдо пред реваншот.

Поврзани содржини