📷 📽️ ГУСT ЦРН ЧАД СЕ ИЗДИГА КАЈ ПЕТРОВЕЦ Се запали сува трева, пожарникарите се веќе на терен

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, изјави дека противпожарните служби од Скопје се веќе упатени кон локацијата и работат на локализирање на огнот.

751

Попладнево избувна пожар во околината на селата Таор и Ржаничино, при што пламените јазици зафатија сува трева, но во воздухот се издига густ црн чад, што укажува дека можеби гори и друг материјал.

Засега нема официјални информации за причината на пожарот, ниту дали има опасност за блиските објекти.






Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, изјави дека противпожарните служби од Скопје се веќе упатени кон локацијата и работат на локализирање на огнот.

Поврзани содржини