ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА ДЕФИЦИТАРНИ ЗАНАЕТИ Ќе се поддржат дејности кои бележат континуирано намалување
Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување.
Право на учество имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребна документација; Занаетчии кои во тековната година не користеле финансиски средства од Град Скопје; Занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство и лица кои поседуваат занаетчиска дозвола и вршат занаетчиски дејности кои, според обработените податоци, бележат континуирано намалување на активноста.
– Со оваа мерка даваме конкретна поддршка на луѓето кои со својот труд, знаење и посветеност ја чуваат автентичноста на Скопје. Да не дозволиме старите занаети да останат само спомен од минатото. Да создадеме услови тие повторно да бидат ценети, препознатливи и привлечни за младите.
Заедно да ги зачуваме занаетите, да ја зачуваме традицијата и да им ја пренесеме оваа вредност на генерациите што доаѓаат – велат од Град Скопје.
Сите детали се на линкот https://skopje.gov.mk/media/12149/јавен-повик-субвенции-на-занаети.pdf