ГОДИШНА ИНФЛАЦИЈА ОД 5,7 % ВО АПРИЛ На месечно ниво е забележана инфлација од 1,3%

Цените на мало во април во однос на март, бележат од 3,2%.

1

Годишната инфлација во април достигна 5,7%, а цените на мало пораснале за 5%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во март инфлацијата изнесуваше 4,9 %.

На месечно ниво, трошоците на живот во април се зголемиле за 1,3%, по растот од 0,7 % регистриран во март, додека, пак, цените на мало во април во однос на март, бележат од 3,2%.

Најголем годишен раст на трошоците на живот е забележан кај алкохолните пијалаци и тутунот, каде поскапувањето достигнало 10,2%, но и кај  храната и безалкохолните пијалаци 8%.

Висок годишен раст е регистриран и во транспортот од 5,4%. Во овој дел потпомогнато од кризата во Иран на на месечно транспортот поскапел за 10,1%.

Ва спротивната страна најниско зголемување  од 1,7% има кај осигурувањето и финансиските услуги.

Поврзани содржини