ГЛЕДАЧИТЕ ГИ МЕШААТ СО ГОДИНИ Многумина дури сега откриваат дека „Икс-Мен“ и „Смолвил“ не ги глумел еден актер, туку двајца идентични близнаци

Шон и Арон Ашмор се идентични близнаци и двајцата се актери, но со години гледачите ги мешаат. Едниот е Ајсмен од „X-Men“, а другиот го играше Џими Олсен во „Smallville“.

1

Ако сте го гледале Шон Ашмор како Ајсмен во филмовите „Икс-Мен“, а потоа сте го препознале во некоја од бројните телевизиски серии, можеби сте направиле една голема грешка – некои од тие улоги воопшто не ги играл тој. Причината е неверојатна: Шон има идентичен брат близнак, Арон Ашмор, кој исто така е актер.

Двајцата се родени на 7 октомври 1979 година во Ричмонд, Канада, а Арон е постар само една минута. Уште како деца почнале да се појавуваат во реклами, а токму нивната неверојатна сличност понекогаш им била и предност и проблем.






Браќата Ашмор влегле во актерскиот свет уште како деца, кога почнале да снимаат реклами. Нивната сличност била толку голема што понекогаш и самите продуценти тешко одлучувале кој од нив да го ангажираат.

Интересно е што Арон прв ја добил една од улогите, но на денот на снимањето се разболел. Бидејќи требало да се најде замена, наместо него влегол Шон и ја завршил работата. Подоцна, за време на аудициите за реклами, продуцентите понекогаш одлуката ја препуштале на фрлање паричка.

Шон за US Weekly раскажал како изгледале таквите ситуации.

– По аудицијата ќе нè повикаа двајцата. Ќе ни речеа: И двајцата сте одлични. За да бидеме фер и никој да не мисли дека фаворизираме некого, ќе фрлиме паричка – раскажал тој.

Додал дека таквата ситуација се повторила неколку пати.

– Тоа се случи четири или пет пати. Ќе ни речеа: Ќе вработиме еден од вас, но за другиот да не се чувствува лошо или да мисли дека е нешто лично, ќе фрлиме паричка пред вас.

Со текот на годините, сепак, секој изградил своја кариера. Шон Ашмор стана познат ширум светот како Боби Дрејк, односно Ајсмен, во филмовите „X-Men“, „X2“, „X-Men: The Last Stand“ и „X-Men: Days of Future Past“. Исто така глумеше во „The Boys“, „The Rookie“ и серијата „Animorphs“, а позајмуваше глас и за неколку популарни видеоигри.

Арон, пак, има сосема поинаква филмографија. Тој го играше Џими Олсен во „Smallville“, Стив Џинкс во „Warehouse 13“, Џони Џејкобис во „Killjoys“, а се појави и во „Veronica Mars“, „Locke & Key“, „Ginny & Georgia“ и „SkyMed“.

Интересно е што и двајцата се појавиле во „Smallville“, но во различни улоги. Шон го играше Ерик Самерс, додека Арон подоцна го доби ликот на Џими Олсен. Арон во едно интервју раскажал дека токму поради тоа првично се двоумел дали воопшто да се пријави за улогата – Шон веќе бил дел од серијата и се плашел дека продуцентите нема да сакаат да ангажираат и негов близнак.

Иако денес имаат одделни кариери, нивната неверојатна сличност и понатаму ги збунува гледачите, кои често ги мешаат.

И уште една интересна ситница: двајцата имаат исти тетоважи на зглобовите со буквите „GMA“, кои се однесуваат на нивниот очув-дедо Гангу Џагтиани, човек кого го сметале за свој дедо.

Поврзани содржини