ЏОН ТРАВОЛТА ДОБИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ТОРИНО Актерот беше почесен гостин на филмскиот фестивал во придружба на ќерката Ела

Џон Траволта доби награда за животно дело на филмскиот фестивал во Торино, каде што се појави со ќерката Ела Блу и го претстави својот режисерски дебитантски филм.

2

Џон Траволта доби уште едно големо признание за кариерата долга пет децении. На 44. филмски фестивал во Торино му беше врачена награда за животно дело, а актерот ѝ ја посвети на публиката што, како што рече, му овозможила да „лета“ на филмското платно и во воздухот.

– Ви благодарам што ми ја подаривте најубавата кариера – им порача Траволта на присутните. Тој рече дека во изминатите 50 години публиката му дала можност да истражува различни ликови, да пее и да танцува, па и да ги игра улогите што никогаш не би помислил дека ќе ги добие.






– Никогаш не ми ги скративте крилјата. Ми дозволивте да летам – додаде актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

На свеченоста во италијанскиот град Торино го придружуваше ќерката Ела Блу Траволта, која и самата е актерка. Нивното заедничко појавување привлече внимание и поради семејната блискост, но и поради тоа што Ела во последните недели јавно го поддржува татка си на неколку значајни настани.

На почетокот на ноември, Ела му ја врачи наградата „Културна икона“ на церемонија во Конгресната библиотека во Вашингтон. Во говорот тогаш рече дека во изминатите 26 години имала можност одблизу да гледа човек кој никогаш не ја изгубил љубопитноста, кој е дарежлив и љубезен.

– Додека светот слави културна икона, јас и брат ми го славиме нашиот херој – порача таа.

Траволта во Торино го претставува и својот режисерски дебитантски филм „Propeller One-Way Night Coach“, кој претходно имаше премиера во Кан. Филмот е заснован на истоимената детска книга што актерот ја напишал во 1997 година и е инспириран од неговата љубов кон авијацијата и детските спомени. На фестивалот се појави и во филмот „November 1963“, во кој го игра чикашкиот мафијаш Џони Росели во приказна поврзана со атентатот на Џон Ф. Кенеди.

Признанието во Торино доаѓа по уште една значајна награда за Траволта оваа година – почесната „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, каде што го претстави својот прв филм како режисер. Така, актерот кој со улогите во „Брилијантин“, „Треска во саботната вечер“ и „Криминално досие“ остави силен белег во поп-културата, продолжува да добива признанија и како актер и како режисер.

Поврзани содржини