🎥 ГЕОРГИНА РОДРИГЕЗ ВО БИКИНИ НАЈАВУВА ВРЕЛО ЛЕТО Свршеницата на Роналдо во новата кампања на брендот Калцедониа
Георгина Родригез позираше во бикини за новата кампања на брендот Calzedonia, а комплиментите за нејзиниот изглед се шират на социјалните мрежи.
Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, позираше во бикини, а комплиментите за нејзиниот изглед се шират на социјалните мрежи.
Во ова издание, таа позираше за новата кампања на брендот Calzedonia. Својот изглед го комплетираше со шминка во природни нијанси и фенирана фризура.
View this post on Instagram
Фотографиите досега собраа повеќе од милион лајкови на Инстаграм. Иако едноделните костими за капење се популарни во последните години, оваа нова кампања најавува дека бикините ќе го одбележат ова лето.
– Убава, природна жена, Роналдо победува и надвор од теренот, Најдобриот модел што можеа да го изберат за оваа реклама – се некои од коментарите на Инстаграм.
Таа сподели и дел од атмосферата од снимањето на кампањата во Грција.
View this post on Instagram
Кога станува збор за нејзиниот моден вкус, Георгина Родригез вели дека сака да ги комбинира максимализмот со практичноста. Таа нагласува дека нејзиниот изглед се темели на самодоверба, дисциплина и нејзиниот препознатлив накит.
Таа неодамна се појави на Мет Гала во креација од Лудовик де Сен Сернин, со бројаница што ја дизајнирала самата, а чија вредност се проценува на седум милиони евра.