📷 ГАЛ ГАДОТ ДОБИ ЅВЕЗДА НА БУЛЕВАРОТ НА СЛАВНИТЕ Демонстранти упаднаа на церемонијата, реагираше полицијата

Актерката Гал Гадот денеска доби ѕвезда на Булеварот на славните, а во текот на церемонијата се појавила група демонстранти, поради што морала да интервенира полицијата.

533

Актерката Гал Гадот денеска доби ѕвезда на Булеварот на славните, а во текот на церемонијата се појавила група демонстранти, поради што морала да интервенира полицијата. Инцидентот се случи во екот на контроверзии околу филмот „Снежана“, во кој израелската филмска ѕвезда Гал ја игра злобната кралица, додека насловната улога ѝ беше доделена на Рејчел Зеглер, која се залага за пропалестински ставови.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GAL GADOT FAN (@forgalgadot)







Гал Гадот позирала покрај својата ѕвезда, а во нејзина близина се одвивала вистинска драма, додека полицијата бркала пропалестински демонстрант кој „го украл знамето на произраелски демонстрант. Можеле да се забележат транспаренти на кои пишувало: „Хероите се борат како Палестинци“ и „Да живее Палестина“.

Од толпата се слушале врисоци. Пред инцидентот, се појавија гласини дека Гал Гадот и Рејчел Зеглер „завојувале“ поради различните ставови за израелско-палестинскиот конфликт. Актерките се појавија заедно на Оскарите за 2025 година пред две недели во Лос Анџелес кога доделија една од многуте бројните награди.

Гал Гадот била на церемонијата со својот сопруг и нивните четири ќерки, како и со колегата Вин Дизел и режисерката на „Чудесна жена“, Пети Џенкинс.

Рејчел Зеглер изнесува пропалестински ставови од 2021 година и ги повикува обожавателите да донираат итна помош за Газа. Некои медиуми во Израел не ги објавија нејзините молби за ослободување на Палестина бидејќи веруваат дека тоа може да се протолкува како непријателство кон Гал Гадот, пишува „Дејли мејл“.

 

Поврзани содржини