Фирмите замешани во аферата за шверц со дрога останаа без лиценци за производство на канабис за медицински цели

Владата вчера на предлог на Министерстворо за здравство им ги одзеде дозволите за производство на канабидс за медицински цели на фирмите „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и Друштво за производство, трговија и услуги „Медикал 420“ увоз-извоз ДОО Битола.

2,004

Одземени се лиценците за  одгледување на канабис за медицински цели на двете компании кои се споменуваа во аферата за шверц на марихуана во која МВР и Американската служба за борба против дрога – ДЕА запленија  200 килограми марихуана во вредност од над 800 000 евра.

Станува збор за Друштвото за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и Друштво за производство, трговија и услуги „Медикал 420“ увоз-извоз ДОО Битола.






Одземањето на лиценците е на предлог на Министерството за здравство кое вчера доставило информација до Владата која ја донесе одлуката, но во соопштението од владата не се појаснува кои се причините  за одземање на лиценците на фирмите.

Портпаролот на владата Душко Арсовски денеска, пак, на прес -конференција даде објаснување само за една од фирмите -подружницата на фирмата  „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“,  во Прилеп која работела несаконски и не ги исполнила до крај критериумите за добивање лиценца.

– Правното лице фримата од Битола со подружница во Прилеп работи спротивно на законот не обезбедила функционален 24 часовен видеомониторинг и не обезбедува пакување на сушениот цвет како што е определено  со закон како и извршиле несоодветно мелење и пакување на сувиот цвет при што контролата утврдила дека недостасуваат 531,91  килограм на пријавен сув цвет. Со тоа компанијата аправила кривично дело. Компанијата дополнитлено немала и доволен број на опрема и кадар што е услов за добивање лиценца – рече Арсовски.

„Медикал 420“ увоз-извоз ДОО Битола ја доби дозволата за одгледување канабис за медицински цели во декември 2017 година, додека пак  „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп  ја доби дозволата во немеври 2019 година.

Фирмите беа спомнати во акцијата за пресекување канал на шверц со дрога од страна на МВР и Американската служба за борба против дрога – ДЕА  кога беа запленети  200 килограми марихуана во вредност од над 800 000 евра. Во акцијата беа уапсени шест лица меѓу кои и управителите на овие фирми.

 

Поврзани содржини