ФИРМА НА 19-ГОДИШНИК ОД ЛИПКОВО ЈА СНАБДУВА „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ СО АПАРАТИ? Ова е уште еден доказ дека ДУИ е криминална структура, вели Европски сојуз за промени

ДУИ користи млади луѓе, речиси малолетни, за изнудување народни пари преку тендери. Пред некое време 20-годишниот внук на Али Ахмети беше дел од купувањето на центарот „Соравија“, додека денеска еден 19-годишник од Куманово ќе купува апарати за коцкање – се вели во соопштението на Европски сојуз за промени.

649

Криминалната структура на ДУИ, на чие чело е Артан Груби, се развива преку негови блиски лица во „Државна лотарија“, а последно во таа низа е информацијата дека фирма на еден 19-годишник од Липково ќе ја снабдува „Државна лотарија“ со апарати за коцкање, реагира со соопштение Европскиот сојуз за промени.

Ако досега некој имаше трошка сомнеж дека Артан Груби стои зад коцкарските бизниси со кои раководи ДУИ, еве денеска уште една потврда дека нашите тврдења се вистинити. ДУИ користи млади луѓе, речиси малолетни, за изнудување народни пари преку тендери. Пред некое време 20-годишниот внук на Али Ахмети беше дел од купувањето на центарот „Соравија“, додека денеска еден 19-годишник од Куманово ќе купува апарати за коцкање.






Како тоа да не беше доволно, скандалот оди подалеку. Така, астрономската закупнина од 2,6 милиони евра за просториите на „Државна лотарија“ ја добила друштво за управување чиј братучед е Артан Груби, додека тендерите во „Државна лотарија“ ги добиваат постојаните фирми, Арбериа Дизајн и Медиа Груп ДООЕЛ Тетово, кои се регистрирани на истата адреса. За тоа колку заработуваат, само за информација ја даваме следната цифра – само годинава „Државна лотарија“ одвоила 2 милиони евра, двојно повеќе од лани, за тендери за маркетинг и слично, додека најголем дел од корисниците се фирми блиски до ДУИ или донатори на оваа партија во минатото. Затоа, кога ќе ги разгледаме овие тажни факти, не можеме а да не заклучиме дека ДУИ не е политичка партија, туку криминален и деловен октопод. Дури и евроинтеграциската агенда ја има само за јавна измама, затоа што не може да се влезе во ЕУ со криминални шеми.

Кои се тие и колку се длабоко во криминал, веќе не е новост и не е нешто што ние го дознаваме. Впрочем тие и не го кријат ова. Но, Европскиот сојуз за промени, освен ова јавно осудување, сериозно е подготвен да ги казни овие насилници на власта. Оваа казна ќе стигне на следните избори, но ова нема да биде доволно, бидејќи порано или подоцна ќе има и правна одговорност за овој криминал“ – се вели во соопштението на Европскиот сојуз за промени.

 

Поврзани содржини