ФИЛИПЧЕ ЗА ЕДЕН ДЕН БИ ЈА ПРОДАЛ ДРЖАВАТА И ОКО НЕМА ДА МУ ТРЕПНЕ Бугарија сака омплетно да ги редефинира македонската историја, јазик, култура и идентитет

Ако Филипче дојде на власт би дозволил Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Даме Груев да бидат Бугари кои се бореле за бугарската држава, Кирил и Методиј да бидат Бугари кои ги описмениле словенските народи и дека македонскиот јазик и идентитет постојат од 1945 година, па наваму, а сè пред тоа било бугарско, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

0

Само специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче слепо му верува на Румен Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез на Македонија во ЕУ, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

 

– На сите им е јасно, па дури и на птиците, дека уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот е само првиот од многуте чекори кои бугарските власти ги имаат кон нас, а се однесуваат на македонскиот јазик, историја, култура и идентитет – рече Манасиевски.






И ова не го говориме ние како ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го говори сегашниот премиер на Бугарија, додаде тој.

– Во видео од 2019 година, кое е повторно актуелно на социјалните мрежи, Румен Радев како тогашен претседател на Бугарија, пред голем аудиториум на конференција во Русија на којшто присуствува и Владимир Путин, говори за македонската историја, но во бугарски контекст. Румен Радев во своето обраќање говори дека Гоце Делчев е Бугарин и дека писменоста дошла од Бугарија, а не од Македонија. Од македонските власти во тоа време, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче, немаше никаква осуда за конкретниот говор на Румен Радев – рече Манасиевски.

Со ова, потенцира Манасиевски, јасно се докажува дека на Бугарија и на Румен Радев не им е само до внесување на 2.000-3.000 луѓе во Уставот на Македонија кои се чувствуваат како Бугари, напротив тие сакаат комплетно да ја редефинираат македонската историја, македонскиот јазик, култура и идентитет.

– Или попластично објаснето, доколку Филипче дојде на власт би им дозволил на Бугарите без задршка Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Даме Груев да бидат Бугари кои се бореле за бугарската држава, Кирил и Методиј да бидат Бугари кои ги описмениле словенските народи, секако по ова македонскиот јазик би бил од 1945 година па наваму, исто како и дека македонскиот идентитет е од по Втората светска војна, а сè пред тоа било бугарско. Венко Филипче и СДСМ за само еден ден би ја продале државата и око нема да им трепне, за власт, за амнестија од криминалите, за да можат да ја крадат државата и за моќ. ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи заедно со граѓаните кои ја ценат и ја поддржуваат нашата достоинствена политика која носи добробит на македонскиот народ – порача Манасиевски.

Поврзани содржини