📽️ САМО ФИЛИПЧЕ СМЕТА ДЕКА „БУГАРИТЕ ВО УСТАВ“ СЕ ЕДИНСТВЕН ПРОБЛЕМ СО РУМЕН РАДЕВ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го прашува дали го слушнал говорот на Радев од 2019 година
На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија.
Само специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче слепо верува на политиките на Румен Радев дека уставните измени се последната препрека за нашиот влез во ЕУ, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Но, додаваат од партијата, не само што уставните измени не е последната препрека, туку не е ниту последно барање на Бугарија.
-На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија. Ова е од периодот кога Филипче и Зоран Заев се власт и секако немаа никаква осуда за овој говор на Радев – велат од партијата.
View this post on Instagram
Оттаму го прашуваат лидерот на СДСМ дали го гледал ова обраќање на Радев и дали смета дека само Бугарите во Устав е проблемот кој се наѕира?
-Уставните измени се само првиот од многуте барања кои ги имаат Бугарите, а се однесуваат на бугаризација на наши историски ликови како Гоце Делчев, Кирил и Методиј, Јане Сандански, негирање на идентитетски разлики, негирање на македонскиот јазик и култура, како и менување на комплетната историја на Македонија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.