СО НЕГАТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ БИ СЕ СРЕТНАЛЕ, А КАМОЛИ ДА ПИЕМЕ КАФЕ Египќаните се оградуваат од ставовите на Рубин Земон

НГИ Коалиција на Египќани информираат дека Земон е поранешен претседател на ПОЕН, партија која се претопи во структурите на СДСМ, а тој стана, сега веќе екс член на  И.О. на СДСМ.

187

Припадниците на посебната и автохтона етничка заедница Египќани во Македонија се оградуваат од ставовите и постапките на Рубин Земон, бидејќи, како што велат тие се лично негови.

-Рубин Земон е поранешен претседател на ПОЕН, партија која се претопи во структурите на СДСМ, а Рубин Земон стана , сега веќе екс член на  И.О. на СДСМ – велат тие и додаваат дека тој не е  претставник на Египќаните, како што го преставуваа некои медиуми .






Тие додаваат дека, Египќаните, односно огромно мнозинство на Египќаните ги подржуваат ставовите на Владата на Македонија, предводена од лидерот, Христијан Мицкоски и Македонските национални интереси.

-Што се однесува до негаторите на македонскиот народ од типот на Виктор Стојанов, со него ни на маса би седнал, ни вода би пиел, а камоли кафе, истакна лидерот на НГИ Коалиција на Египќани,  Демир Далип.

Од коалицијата додаваат дека како, мала, но автохтона и автентична етничка заедница, која нема резервна татковина и Македонија ја чувствуваат и ја негува како своја единствена и неотуѓува татковина.

– Египќаните од осамостојувањето на Македонија до денес, се конструктивен, лојален и незаменлив дел од мултиетничка и унитарна Македонија. Египќаните се мирољубив, лојален и конструктивен етникум, кој вложува многу напори , енергија и посветеност во интегративните процеси – велат од Коалицијата

Поврзани содржини