„МЕТАВЕРЗУМ“– НОВА КНИГА НА РИСТО ЛАЗАРОВ И ова книга е создадена во веќе вообичаениот формат на авторот

Лазаров е поет кој не бега од стварноста, туку живее во неа, престојува буквално in media res на денешната апокалиптична верзија на светот.

13

„Метаверзум“ е насловот на најновата стихозбирка на поетот Ристо Лазаров што ја објави книгоиздателството Три. И ова книга е создадена во веќе вообичаениот формат на овој автор: седум циклуси со по седум песни плус една воведна песна. Во случајов, тоа е песната Скалите на Потемкин во Одеса.

Во поговорот кон книгата Лидија Капушевска Дракулевска пишува дека „стварносната поезија“ или своевидниот „урбан реализам“ се иманентни за целокупната поезија на Ристо Лазаров. Неговиот приказ на емпириската стварност е критички интониран: светот боледува од тектонски нарушувања, царува сеопшта катаклизма, демократијата станува форма без содржина, а глобализацијата, корупцијата и метастази најавуваат песимистички исход. Оттука и драматичноста на поетскиот дискурс, најавен веќе со насловот на збирката: метаверзумот е футуристички виртуелен концепт кој подразбира мешање на дигиталната и физичката реалност со помош на разни алатки и технологии. Во таков контекс, човечкото и човечноста стануваат сѐ помаргинализирани и позагрозени.






Лазаров е поет кој не бега од стварноста, туку живее во неа, престојува буквално in media res на денешната апокалиптична верзија на светот. Неговатa поезија е ,,бодликава“- брутално искрена и веродостојна, директна и транспарентна, храбра и ангажирана во најубавата смисла.

Поврзани содржини