ФИЛИПЧЕ ОДНАПРЕД КАПИТУЛИРА ПРЕД БУГАРИЈА Ја подготвува јавноста за нови национални отстапки

Тој испраќа порака дека е подготвен да ги прифати условите кои Македонија со години ги одбива како неправедни и понижувачки. Тоа е однапред прифатен пораз – рече Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

0

Додека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Венко Филипче не гледа никаков проблем. Наместо да застане во одбрана на македонските национални позиции, тој ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост – изјави денеска на прес-конференција Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да добие каква било одговорност од граѓаните испраќа порака дека е подготвен да ги прифати условите кои Македонија со години ги одбива како неправедни и понижувачки. Тоа е однапред прифатен пораз – рече Петрушевски.






Според него, Филипче ја води истата политика што ја водел и Зоран Заев – прво ги убедувал граѓаните дека нема опасност, а потоа следувале отстапките.

– Денес Филипче ја повторува истата матрица – прво ги релативизира бугарските барања, а потоа ќе бара оправдување за нивно прифаќање. Затоа Филипче е политичко продолжение на Заев, кој е подготвен да оди и чекор подалеку доколку тоа му отвори пат до власт. Македонските граѓани не бараат политичари кои однапред капитулираат и ги прифаќаат туѓите диктати. Бараат политичари кои ќе знаат да ги бранат државните и националните интереси – рече Петрушевски.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи враќање на политиките на попуштање, понижување и национални отстапки, а македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на преговори и политичко пазарење.

Поврзани содржини