ФИЛИПЧЕ МУ ЧЕСТИТА НА РАДЕВ СО НАВРЕДИ КОН МИЦКОСКИ!? Му се додворува на Радев, спремен за ново предавство, коментира ВМРО-ДПМНЕ

Планот за уништување на Македонија на Зоран Заев за ден повеќе власт, сега Венко Филипче сака да го продолжи, со тоа што се додворува за да исполнува агенди на други земји – рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

4

„СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија. Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура“ – напиша лидерот на СДСМ Венко Филипче во својата честитка на Фејсбук за новоизбраната влада во Бугарија.

„Македонија е цврсто определена за европска иднина. Единствениот пат е патот на ЕУ интеграциите. За жал, во Македонија постои криминална група, предводена од Христијан Мицкоски, која свесно го блокира европскиот пат на земјата и создава вештачки конфликти со соседите, заради заштита на својот корумпиран систем“ – пишува Филипче во објавата.

Од името на ВМРО-ДПМНЕ на ваквата објава реагираше членот на ЦК на партијата Валентин Манасиевски на прес-конференција.

– СДС(М) и Филипче се додворуваат на Бугарија и испраќаат пораки дека се спремни за ново национално предавство. СДСМ и Филипче немаат црвени линии, тие за власт веднаш би направиле нови предавства.

Филипче постојано изјавува дека уште веднаш е подготвен за уставни измени, без гаранции дека за Македонија тоа би била последната пречка. Планот за уништување на Македонија на Зоран Заев за ден повеќе власт, сега Венко Филипче сака да го продолжи, со тоа што се додворува за да исполнува агенди на други земји. СДСМ со Венко Филипче повторно се подготвени да прават национални предавства, затоа и рејтингот им опаѓа и тие стануват маргинализирана партија – рече Манасиевски.

БУГАРИЈА ИЗБРА НОВА ВЛАДА Кабинетот на Радев има четворица вицепремиери и 18 министри

Поврзани содржини