ФИЛИПЧЕ Е АДВОКАТ НА БУГАРСКИТЕ БАРАЊА Би одел и подалеку од Заев во отстапките, само за да дојде на власт

Нема прашање кое не е подготвен да го отвори и нема национален интерес што нема да го жртвува ако процени дека така ќе добие поддршка од центрите на моќ кои со години вршат притисоци врз Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

0

Венко Филипче нема црвени линии и молчи за нападите врз македонскиот идентитет само за да ја зачува фотелјата на Бихачка и да се добере до власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче не го брани македонскиот национален интерес и идентитет, туку сопствената политичка кариера. Филипче секојдневно потврдува дека е подготвен да оди и подалеку од Зоран Заев во исполнувањето на барањата кои директно ги засегаат македонските национални интереси. Додека Бугарија продолжува да го негира македонскиот јазик, да ја фалсификува историјата и да го оспорува македонскиот идентитет, Филипче не гледа проблем во тоа. Наместо јасно и гласно да застане во одбрана на државните и националните позиции, тој ги релативизира навредите и ги минимизира заканите со кои се соочува Македонија“, се вели во соопштението.






За Филипче нема црвени линии, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема прашање кое не е подготвен да го отвори и нема национален интерес што нема да го жртвува ако процени дека така ќе добие поддршка од центрите на моќ кои со години вршат притисоци врз Македонија. Ставовите на Филипче не се ништо друго освен продолжение на политиките на СДСМ кои донесоа понижувања, отстапки и штета за македонските национални позиции. Разликата е што Филипче денес покажува уште поголема подготвеност од Заев за нови отстапки и нови порази“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче избира да биде адвокат на бугарските барања, потенцира партијата.

„Кога треба да се оправдаат условувањата од Софија е најгласен, а кога треба да се брани Македонија е најтивок. Граѓаните добро паметат што значеа политиките на Заев и на СДСМ. Затоа нема да дозволат истата политика на национални отстапки да се врати под ново име и со нов извршител. Времето на понижувања заврши. Граѓаните ќе знаат да препознаат кој ја брани Македонија, а кој е подготвен да ја продава за политичка функција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини