ЕРЛИНГ ХАЛАНД СЕ ИШИША, А ВЕДНАШ ПОТОА СЛЕДУВАШЕ „САМСОНОВ ЕФЕКТ“ Фудбалерот сакаше нов изглед, но на првиот меч без препознатливата фризура не постигна гол

Ерлинг Халанд ја отсече долгата руса коса, а неговиот нов изглед предизвика лавина реакции. По првиот меч без препознатливата фризура, навивачите се пошегуваа со „Самсоновиот ефект“.

0

Ерлинг Халанд ги шокираше фановите со драстична промена на изгледот. Норвешкиот голгетер ја отсече долгата руса коса која со години беше еден од неговите најпрепознатливи заштитни знаци и се појави со кратка, речиси војничка фризура. Промената ја направи непосредно пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Халанд целата трансформација ја сними за своите следбеници, а на социјалните мрежи го покажа процесот од почетокот до конечниот резултат.






– Short hair don’t care – порача фудбалерот. Тој откри дека за шишањето размислувал уште по Светското првенство, но поради обврските немал време да го направи тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erling Braut Haaland (@erling)

Сепак, пред да седне на фризерската столица, Халанд имал мала дилема. Причината е советот што претходно му го дал Златан Ибрахимовиќ. Шведската фудбалска легенда, која Халанд ја смета за еден од своите спортски идоли, некогаш му рекол да не ја шиша косата бидејќи „силата му е во косата“. Халанд сепак решил да ризикува, а во видеото признал дека бил малку нервозен поради големата промена.

Реакциите не изостанаа. Златан, кому Халанд му се јавил преку видео-повик, откако го видел новиот изглед, на шега го прашал дали изгубил облог и дали сега ќе биде побрз со кратка коса. Пеп Гвардиола, пак, му рекол дека е среќен што Халанд има коса и дека тој би сакал да ја има. Неговиот соиграч Џек Грилиш се пошегувал дека сега изгледа како десетгодишно дете, додека самиот Халанд рекол дека едвај чека да види како навивачите ќе го доживеат новиот изглед.

А потоа следуваше најинтересниот дел. Халанд со новата фризура веднаш истрча на терен во првиот натпревар на Манчестер Сити во новата сезона, против Борнмут. Сити победи со 2:1 по пресврт, но Норвежанецот не успеа да постигне гол и пропушти неколку добри шанси. Тоа беше доволно за социјалните мрежи да се преплават со шеги дека можеби навистина му се случил „Самсоновиот ефект“ – како библискиот Самсон, кој според приказната ја изгубил силата откако му била отсечена косата.

 

Поврзани содржини