СИДНИ СВИНИ КАКО WONDER WOMAN ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Актерката се појави во впечатлив костим, а друштво ѝ правеше Супермен

28-годишната актерка на Инстаграм објави серија фотографии од летното дружење кое го нарече „Camp ’26“, но најмногу внимание привлече нејзиното издание инспирирано од познатиот лик

7

Сидни Свини повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, овојпат со својата провокативна верзија, односно, бујното деколте, на една од најпознатите суперхероини – Wonder Woman.

28-годишната актерка на Инстаграм објави серија фотографии од летното дружење кое го нарече „Camp ’26“, но најмногу внимание привлече нејзиното издание инспирирано од познатиот лик.






Свини позираше во препознатлива црвено-златна комбинација со корсет со длабоко деколте, а изгледот го надополни со сини гаќички со ѕвездички, златна дијадема и ракавици. Костимот особено го истакна нејзиното бујно деколте.

Пред огледалото актерката позираше со својот партнер Скутер Браун, кој се појави облечен како Супермен. Нивните костими биле дел од групен предизвик организиран за време на летното дружење.

Свини објави и снимки од забавата, на кои се гледа како се забавува на полигон со пречки поставен на вода, вози џет-ски и ужива во караоке со пријателите. Сепак, токму нејзината трансформација во Wonder Woman го украде вниманието.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney)

Актерката и Браун првпат предизвикаа гласини за љубовна врска откако беа забележани заедно на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција во јуни 2025 година. Во април годинава тие јавно ја потврдија врската, а оттогаш често споделуваат заеднички моменти.

Поврзани содржини