ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО ЕВРОПА, ВО МАКЕДОНИЈА ПОУМЕРЕН Африканскиот бран ќе го стопли јуни

Во Македонија температурите ќе бидат далеку поумерени и пониски за разлика од Европа.

0

Западна и југозападна Европа во периодот од недела (21 јуни) па најмалку до среда (24 јуни) ќе биде на удар на екстремно топол бран од Африка кој ќе услови екстремно високи температури на воздухот кои на многу места ќе надминат 40 степени. Во делови од Шпанија и од Франција температурите ќе се искачат дури и до 43-44 степени.

Овие температури се далеку над просекот за јуни и се повисоки од просечните дури и за повеќе од 15 степени.






Во Македонија температурите ќе бидат далеку поумерени и пониски за разлика од Европа. Во наредните денови тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Повардарието и во југоисточните предели до максимални 36-37 степени.

Прогнозата на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот линк.

Поврзани содржини