Џек Ма донира заштитни маски и медицинска опрема за Европа и САД

Пратката, како што е соопштено, ќе се дистрибуира понатаму кон Италија. Во Лиеж и наредните денови ќе стига донацијата на Ма.

820

Коосновачот на Алибаба, Џек Ма, ќе  донира два милиони заштитни маски што ќе бидат дистрибуирани во европските земји. Првата пратка  со 500.000 заштитни маски и други медицински материјали пристигна со авион во  Лиеж, Белгија.

Пратката, како што е соопштено, ќе се дистрибуира понатаму кон Италија. Во Лиеж и наредните денови ќе стига донацијата на Ма.






Фондацијата формирана од милијардерот планира  донација од  500.000 комплети за тестирање коронавирус и милион маски и за САД.

Во исто време, тој повика на меѓународна соработка во борбата против сегашната огромна здравствена криза.

Поврзани содржини