ЌЕ СЕ МЕНУВА УСТАВОТ ЗА ДА ПАДНЕ УНГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Маѓар најави голема чистка и нова антикорупциска институција

Премиерот Маѓар најави уставни измени, нова антикорупциска институција и широк пакет реформи што би можеле да доведат до политички пресврт во Унгарија.

411

Унгарскиот премиер Петер Маѓар на вонредна седница на Парламентот изјави дека неговата влада ќе иницира уставни измени со кои ќе се отвори можност за разрешување на претседателот на државата Тамаш Суљок. Според локални медиуми, процесот на уставна реформа би започнал наесен.

Во своето обраќање пред пратениците, премиерот нагласи дека неговиот кабинет ќе спроведе широк пакет економски, политички и правни мерки со цел, како што рече, искоренување на корупцијата во Унгарија. Меѓу најавените мерки е и формирањето на нова институција – Национална служба за заштита и за враќање на имот.






Најавата доаѓа по претходните изјави на Маѓар од почетокот на јуни, кога тој порача дека ќе се заложи за смена на претседателот преку уставни измени, откако истече рокот што му бил даден на Суљок да поднесе оставка.

Поврзани содржини