📽️ ДВЕ ЕСПРЕСА ЗА ГОЛЕМ ЧЕКОР НА СИРИЈА Претседателот ја употреби првата Виза по 15 години финансиска изолација

По долгогодишна изолација предизвикана од конфликтот и меѓународните санкции, Сирија повторно воспоставува врски со глобалните платежни системи

0

Сирија направи симболичен, но значаен чекор кон враќање во глобалниот финансиски систем. По повеќе од една деценија во која плаќањата со меѓународни картички беа практично недостапни, претседателот Ахмед ал-Шара прв ја употреби својата Виза картичка во земјата.

Првото плаќање било извршено во ресторан, каде што претседателот со картичката платил две еспреса.






Иако станува збор за мала трансакција, настанот има многу поголемо значење за Сирија. Воспоставувањето можност за користење меѓународни платежни мрежи треба да го олесни плаќањето за граѓаните, компаниите и посетителите, но и трансферот на пари од Сиријците кои живеат и работат во странство.

 

Земјата со години функционираше речиси исклучиво со готовина и со различни неформални начини на пренос на пари.

Причината е долгогодишната изолација од меѓународниот финансиски систем, која започна по избувнувањето на сирискиот конфликт во 2011 година. Санкциите и прекинатите финансиски врски со странство сериозно го отежнаа пристапот до банкарски и дигитални платежни услуги.

Сега се отвора можност за постепена промена.

Вклучувањето на Сирија во меѓународни платежни мрежи, меѓу кои Виза и Мастеркард, би можело да биде еден од чекорите со кои земјата повторно ќе воспоставува економски врски со остатокот од светот.

За обичниот граѓанин тоа значи нешто едноставно – можност повторно да плати со меѓународна картичка.

За сириската економија, сепак, значењето е многу поголемо. Тоа е знак дека по години изолација земјата се обидува да се врати во глобалните финансиски текови.

Поврзани содржини