Дука: Дебар не е ставен под карантин, но правиме сè за да ја спречиме заразата

Правејќи ретроспектива на преземените мерки и актвиности, тој информираше дека е формиран Оператвен штаб, во кој се претставници на сите надлежни институции.

507

Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука на денешната средба со новинарите ги демантираше информациите на одредени портали и други медиуми дека Дебар е во карантин.

– Ги замолувам сите медиум да не шират дезинформации со што предизвикуваат непотребна паника не амо во градот, туку и пошироко. Досега во Дебар не е воведен карантин. Во градот имаме потврдени пет случаи со коронавирус, за десет се чекаат резултатите од тестирањето, додека 31 лице се во домашна изолација – рече Дука.






Тој додаде дека во текот на денот ќе пристигнат две специјални екипи кои треба да ја отсликаат состојбата.

Правејќи ретроспектива на преземените мерки и актвиности, тој информираше дека е формиран Оператвен штаб, во кој се претставници на сите надлежни институции.

– Синоќа почнавме со дезнифекција на населбите во градот. Почнавме од населбата „Коњаре“ каде е жариштето на вирусот. Вечерва и следните денови ќе се продолжи и во другите населби и населени места. Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ веќе неколку дена врши миење на улиците во вечерните часови, а денеска врши дезинфекција на сите јавни и прометни површини, контејнери, канти и корпи за отпад низ градот, како и спортските игралишта и терени – нагласи Дука.

Преземените активности од страна на општината ги оцени како максимални и се заблагодари до сите сопстевници на кафулиља, фризерски салони, интернет и други кои целосно прекинале со работа. Се заблагодари и на верниците во Дебар кои ја почитуваат препораката на дебарското муфтиството и молитвите ги вршат дома.

– Апелирам до сите строго да ги почитуваат препораките, бидејќи најпрво треба да си помогнеме самите себеси со тоа што ќе избегнуваме групни собирања, домашни посети и слично. Препорачувам затворање на сите деловни објкети, освен маркетите за храна и аптеките – посочи Дука.

Информраше дека планира средба со градоначалниците на Центар Жупа, каде има двајца заразени и 11 во домашна изолација, и на општина Маврово и Ростуше, со цел да се координираат активностите како соседи, но и поради фактот што во трите општини по појавата на коронавирусот во Италја пристигнати се поголем број граѓани

Поврзани содржини