ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА УБИЕЦОТ КАЈ „МАВРОВКА“ Елвис Куртовиќ ќе остане зад решетки до крајот на животот

Според ОЈО Скопје, обвинетиот на 20 август 2024 година од користољубие со истрел од огнено оружје - пиштол го лишил од живот оштетениот Васил Ефтимов.

245

Основниот Кривичен суд Скопје го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството што го изврши зад трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година.

Судијката Моника Бахчовановска, пред објавата на пресудата прочита вештачење на обвинетиот од психијатар, во кое се оценува дека Куртовиќ е психички здрава личност со просечна  интелигенција.






– Вештачењето покажува дека од увидот во казнената евиденција тој од 16 години е осудуван за кражби, насилство, сообраќајки, фалсификување, а имал и пресуди во странство. Од почетокот на адолесценцијата имал проблеми и асоцијалност, изразено непочитување на социјалните норми и неможност за одржување на трајни релации, ниска толеранција и склоност кон насилство. Кога го сторил кривичното дело бил во секој момент пресметлив и со уредно психичко здравје – рече судијката Бахчовановска.

Според обвинението, Куртовиќ се товари за убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи.

Според ОЈО Скопје, обвинетиот на 20 август 2024 година зад трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје од користољубие со истрел од огнено оружје – пиштол го лишил од живот оштетениот Васил Ефтимов. Потоа со пиштолот се заканил и на неговата сопруга и ја одзел од неа торбата која таа ја носела на нејзиното рамо, како и една гајба во различни бои покриена со шаторско крило во која имало различен рачен алат, а која оштетените ја имале во возилото. Подоцна во текот на истиот ден, кога полициски службеници го пресретнале обвинетиот заедно со уште едно лице во автомобил на улицата Стојна Стефкова во Скопје, тој излегол од совозачката врата и кон четворицата полицајци испукал 3 проектили во обид да ги лиши од живо

Поврзани содржини