ДОКТОРОТ НАРАЧАЛ, СЕСТРАТА ПЛАТИЛА ЗА СИВА ПРАТКА Од Јужна Кореја стигнал ботокс вреден 10.000 евра
Според истрагата, докторот побарал од второосомничената, медицинска сестра вработена во истиот клинички центар, да биде наведена како примач на пратката. Таа се согласила пратката да пристигне на нејзино име и адреса, а фактурата ја платила преку својата трансакциска сметка.
Наместо 10 козметички примероци вредни 80 долари, царинските службеници во поштенска пратка откриле 199 вијали ботокс вредни 615 илјади денари. Поради сомнежи за шверц и царинска измама, кривична пријава е поднесена против доктор и медицинска сестра вработени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Од Царинската управа соопштија дека до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за кривични дела шверцување и царинска измама.
Случајот бил откриен при детална контрола на поштенска пратка пријавена за увозно царинење. Според приложената документација, во неа требало да има 10 козметички примероци.
Откриените 199 вијали ботокс кои не биле наведени во фактурата.
Пратката стигнала од Јужна Кореја
Случајот веднаш бил предаден на Одделението за истраги, кое по наредба на јавен обвинител спровело предистражни дејства и претреси на три локации.
Според наводите на Царинската управа, првоосомничениот, доктор вработен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, нарачал 199 вијали ботокс од компанија од Република Кореја во вредност од 615 илјади денари.

Медицинската сестра била наведена како примач
Според истрагата, докторот побарал од второосомничената, медицинска сестра вработена во истиот клинички центар, да биде наведена како примач на пратката.
Таа се согласила пратката да пристигне на нејзино име и адреса, а фактурата ја платила преку својата трансакциска сметка.
Од Царинската управа наведуваат дека на тој начин му помогнала во извршувањето на кривичните дела.