ДОЦНИ СОБРАНИСКАТА СЕДНИЦА ЗАКАЖАНА ЗА 16 ЧАСОТ Требаше да почне во 11, па во 13 часот, па имаше проблеми со електрониката
На дневен ред на оваа седница, меѓу останатите, се и измените и дополнувањата на закони, како дел од мерките за справување со енергетската криза, потоа на законот за здруженија и за политичките партии, како и избор на нов министер за локална самоуправа и на двајца судии во Уставниот суд.
Доцни собраниската 88-седница која требаше да започне денеска во 16 часот. Одложувањето на стартот на седницата која првично беше закажана за 11 часот, па потоа поместена за 13 часот, беше поради проблеми со електрониката.
Во текот на денот дневниот ред на 88. седница постојано се дополнуваше со нови точки. На дневен ред на оваа седница, меѓу останатите, се и измените и дополнувањата на закони, како дел од мерките за справување со енергетската криза, потоа на законот за здруженија и за политичките партии, како и избор на нов министер за локална самоуправа и на двајца судии во Уставниот суд.