ДИСЦИПЛИНСКИ ЗА ФАТИМЕ ФЕТАИ И ЗА САШО РАЈЧЕВ Ќе „пресуди“ Комисијата за дисциплинска одговорност

1,857

Две дисциплински постапки се иницирани против обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, дознава Макфакс.

Првата е за наводите дека соработувале со осудениот сопственик на порталот Доказ М, Марјан Стаменковски.

Втората, според извори во Обвинителството, е поднесена поради нестручно постапување. За двете дисциплински се доставени и докази кои треба да ги цени Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност. Обвинителството не споделува детали од дисциплинските постапки. Молк и од обвинителите Фетаи и Рајчев. На потег е петчлената комисија.

Поврзани содржини