ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗОШТО ВАРЕНИТЕ МОРКОВИ СЕ ПОЗДРАВИ ОД СВЕЖИТЕ? Повеќе антиоксиданти и каротеноиди за подобро здравје
Готвењето на морковите, барем на пареа, ги збогатува со антиоксиданти и каротеноиди, што е многу подобро за консумирање и за нашето здравје. Затоа, ако имате моркови во вашата секојдневна исхрана, обидете се да ги зготвите.
Познато е дека кога се готви зеленчукот губи дел од своите скапоцени состојки, единствен исклучок се морковите. Малкумина сфаќаат дека варениот морков е всушност похранлив и значително поздрав од сировиот морков.
Готвењето и преработката на морковите ослободува каротеноиди, кои се претвораат во витамин А. Витаминот А помага во обновувањето на оштетениот колаген.
Исто така, витаминот А ни е потребен и за здрава кожа и слузница, за нашиот имунолошки систем и за добро здравје на очите и видот.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.