ДАЛИ ФИЛИПЧЕ НАУЧИ ОД ЗАЕВ КАКО ДА ЈА ОГРАБИ МАКЕДОНИЈА, ПА САКА ВЛАСТ? Се воодушевува на методот „евро за Вицето“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Целата јавност го слушна Заев како вели дека сите во Струмица на кои им легализирал објекти, плаќале по истата шема - евро за Вицето. Ова ли е искуството и методот на работа на Заев, на кој Филипче се воодушевува? Учи ли Венко Филипче од неговиот ментор и учител, Заев, како да рекетира, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

175

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвини претседателот на СДСМ Венко Филипче дека се бори да дојде на власт за да ги следи постапките на неговиот претходник Зоран Заев.

„Филипче отворено призна дека до милиметар ги следи политиките на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев. Филипче, исто така, тврди дека нема друг како Заев, треба да се искористи неговото искуство и дека од неговите методи народот треба да учи. Еден од методите на функционирање и работење во периодот на владеење на Зоран Заев беше методот евро за Вицето. Тоа беше начин на кој Заев ги рекетирал граѓаните додека го водеше градот Струмица“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






Немаше инвестиција да помине во градот, се додава во соопштението, а Заев да не побара евро за брат му, Вицето.

„Целата јавност го слушна Заев како вели дека сите во Струмица на кои им легализирал објекти, плаќале по истата шема – евро за Вицето. Ова ли е искуството и методот на работа на Заев, на кој Филипче се воодушевува? Дали Филипче учи од Заев кој ја ограби Македонија и кој после си донесе измени на Кривичниот законик со цел да не одговара за ништо? Учи ли Венко Филипче од неговиот ментор и учител, Заев, како да рекетира? Следствено на ова, се покренува прашањето се бори ли Филипче за власт, за да може да го имплементира методот на неговиот претходник и учител Заев, евро за Вицето?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Но, од друга страна, се додава, добро е што Филипче јавно и јасно им стави до знаење на граѓаните, за никој да нема дилема дека тој е ученик и послушник на Заев.

„Го интересира само да се дограби до власт за да ги применува неговите методи и добро разработени рекетарски шеми, со кои ја ограби и опустоши Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини