„ДА ГОРИ…ИЛЈАДА МАЈКИ ДА ПЛАЧАТ“ Израелскиот министер реагира на нападот во кој загинаа израелски војници

По смртта на четворица израелски војници во Јужен Либан, Бен-Гвир порача дека крвта на Израел не смее да биде предмет на преговори.

3

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, повика на жесток одговор откако четворица израелски војници загинале во борбите во јужен Либан. Неговата изјава предизвика шок во медиумите:

„За секоја солза на израелска мајка, илјада либански мајки мора да плачат“, напиша Бен-Гвир на платформата Икс.






Израелската армија соопшти дека војниците загинале кога нивниот тенк бил погоден за време на операција во близина на Кфар Тебнит, во јужен Либан. Меѓу жртвите бил и потполковникот Дор Гедалија Бен Симхон, командант на 52. баталјон на 401. оклопна бригада.

Мирот е потпишан, борбите продолжуваат

Инцидентот се случил само неколку дена по привремениот договор меѓу САД и Иран, кој предвидува деескалација и прекин на воените активности на повеќе фронтови, вклучително и во Либан.

Но, Бен-Гвир јасно порача дека Израел не смее да попушти.

– Со сето должно почитување кон Американците, Израел мора да му покаже на светот дека крвта на нашите синови и безбедноста на нашите граѓани не се предмет на преговори. Цел Либан мора да гори – изјави министерот.

Стари контроверзии, нови реакции

Бен-Гвир и претходно предизвикуваше бурни реакции со своите настапи.

Во мај објави видео во кое им се потсмева на активисти од меѓународната иницијатива „Глобална флотила Сумуд“, кои се обидувале да достават хуманитарна помош во Газа.

На снимката тој мавта со израелско знаме пред приведени активисти со врзани раце.

„Добредојдовте во Израел, ние сме господари тука“, порача тогаш Бен-Гвир.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху тогаш оцени дека таквото однесување „не е во согласност со израелските вредности и норми“.

Поврзани содржини