ЧЕТИРИ МЛАДИ ПОРТУГАЛЦИ ИСЧЕЗНАА ВО ЈАДРАНОТ ВО ХРВАТСКА Брановите биле високи 3 метри, во тек е спасителна акција

За време на пребарувањето, во близина на брегот на островот Крк е пронајден напуштен пловечки објект, кој, според описот одговара на чамецот на исчезнатите Португалци.

1

 

Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море во Риека извести дека во тек е координирана операција за пребарување и спасување на 4 млади португалски државјани кои исчезнаа синоќа за време на силна бура во Велебитскиот Канал во Јадранското Море.






Поради исклучително неповолните временски услови на море, со силни бури и бранови високи до 3 метри, Центарот од Риека, во координација со Пристанишната управа на Сењ, Пристанишната управа на Риека и Канцеларијата на Пристанишната управа Нови Винодолски, веднаш почнаа операција за пребарување и за спасување.

За време на пребарувањето, во близина на брегот на островот Крк е пронајден напуштен пловечки објект, кој, според описот, одговара на чамецот на исчезнатите Португалци.

Поврзани содржини