ЧЕСТИТКА ОД МУЦУНСКИ ЗА ПОБЕДАТА НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА Им посака успех во исполнувањето на илекувањата на граѓаните
На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните“, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски им честита на претставниците на Студентската листа за победата на предвремениte парламентарни избори во Србија што се одржаа вчера.
„Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните“, објави Муцунски.
Министерот додава дека земјава останува силно посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи, во интерес на заедничката иднина и просперитетот на целиот регион.
Искрени честитки до граѓаните на 🇷🇸 за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех!
На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.
🇲🇰 останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката 🇪🇺 иднина и просперитетот на целиот регион.
— Timco Mucunski (@TimcoMucunski) October 26, 2026