📽️ БУТЕЛ ДОБИВА МЕГАПАРК ОД 50.000 КВАДРАТНИ МТЕРИ Првиот дел од 8.000м2 е речиси целосно завршен
Долж булеварот Христијан Тодоровски - Карпош интензивно се гради новата зелена приказна на Бутел. Првиот дел, на површина од 8.000 м², е речиси целосно завршен и опфаќа богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес зони и содржини за сите генерации, вели градоначалникот на Скопје објвувајќи видео од изведениот дел.
Општина Бутел добива нова зелена површина од 50.000 квадратни метри, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Она што со години беше депонија и симбол на негрижа, денес го претвораме во огромен, модерен и функционален мега парк, вели Ѓорѓиевски.
„Со Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел, дадовме збор дека ова место повеќе нема да биде заборавено. Денес, покажуваме што значи кога има визија, волја и вистинска грижа за градот.
Долж булеварот Христијан Тодоровски – Карпош интензивно се гради новата зелена приказна на Бутел. Првиот дел, на површина од 8.000 м², е речиси целосно завршен и опфаќа богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес зони и содржини за сите генерации“, вели Ѓорѓиевски заедно со објавата на видео од градежните работи.
Градоначалникот вели дека се работи за простор за децата, за младите, семејствата и пензионерите.
„Простор за секој граѓанин. Паралелно се работи и на вториот, значително поголем дел од паркот, на површина од 42.000 м², кој целосно ќе биде хортикултурно и содржински уреден.
Целиот комплекс ќе располага и со сопствен систем за наводнување со техничка вода, со што обезбедуваме долгорочно и одржливо одржување на зеленилото. Повеќе зеленило значи почист воздух, помалку урбана жештина, поздрава животна средина и поквалитетен живот“.
Ѓорѓиевски порачува дека секое ново дрво, секоја нова зелена површина и секој нов парк се инвестиција во здравјето и во иднината на Скопје.
„Вложуваме рамномерно, во секоја општина и во секое маало, затоа што секој граѓанин заслужува чист, уреден и достоинствен простор за живот. Бутел добива ново зелено срце. Скопје добива уште едно место за гордост“.