БРУС ВИЛИС НЕ БЕШЕ НА СВАДБАТА НА СВОЈАТА НАЈМАЛА ЌЕРКА Талула Вилис се омажи, Деми Мур и Румер и Скаут беа дел од нејзиниот голем ден

Талула Вилис се омажи за музичарот Џастин Аси во Сан Вали, Ајдахо, а нејзините сестри Румер и Скаут, како и нејзината мајка, Деми Мур, беа дел од прославата. Брус Вилис не присуствуваше на свадбата поради својата здравствена состојба.

0

Најмалата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, 32-годишната Талула Вилис, се омажи за музичарот Џастин Аси на 8 август во Сан Вали, Ајдахо. Двојката ја прослави венчавката во друштво на семејството и блиските пријатели, а меѓу гостите биле и неколку познати имиња од Холивуд.

За својот голем ден Талула носеше впечатлива венчаница од „Баленсијага“, дизајнирана од Пјерпаоло Пичоли. Свилената сатенска креација без раменици има долг шлеп, додека превезот бил рачно украсен, а според информациите за изработката, за фустанот биле потребни повеќе од 700 часа работа.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings)

Нејзините сестри Румер и Скаут Вилис имале посебна улога во свадбените случувања. Скаут била со Талула и во деновите пред венчавката и споделила фотографии од неа и Џастин кога ја подигнале дозволата за брак. На свадбата, според досегашните извештаи, имало и познати гости, меѓу кои Луси Лиу, Ендру Гарфилд и Зак Позен.

Сепак, вниманието на јавноста го привлече отсуството на Брус Вилис. Актерот не присуствувал на свадбата на својата најмала ќерка, а неговото отсуство се поврзува со неговата тешка здравствена состојба и борбата со фронтотемпоралната деменција. Иако семејството во последните години е исклучително блиско и редовно го посетува Брус, неговата состојба го ограничува неговото учество во вакви настани.

Засега нема потврда ниту дека сопругата на Брус, Ема Хеминг Вилис, или нивните две ќерки Мејбл и Евелин присуствувале на свадбата. Она што е познато е дека Талула и нејзиниот татко останале блиски и покрај неговата болест. Таа претходно сподели фотографија на која Џастин поминува време со Брус, што покажува дека нејзиниот нов сопруг имал можност да се запознае и да изгради однос со нејзиниот татко пред неговото здравје дополнително да се влоши.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah willis (@buuski)

Талула и Џастин се во врска од 2023 година, а се свршија во декември 2024 година. Нивната врска во јавноста често беше опишувана како особено важна за Талула во периодот во кој семејството се соочува со здравствените проблеми на Брус, кој има фронтотемпорална деменција. По свршувачката, и Румер и Скаут јавно ја изразија својата радост, а Ема Хеминг остави срца под објавата на Талула.

Поврзани содржини